Search

Еурофарм Пелистер поразен на гостувањето кај Тримо Требње во Лигата на Европа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаја уште еден пораз во ракометната Лига Европа, овој пат од Тримо Требње со 28:24, полувреме 14:12.

Битолчани оптимистички отпатуваа во Словенија, но оптимизмот траеше само 15 минути од натпреварот кога имаа водство од 5:4, додека во останатиот дел од средбата словенечкиот претставник во Лига Европа беше подобар и на крајот победи со 28:24.

Најдобар поединец на средбата во спортскиот центар „Тиволи” – Љубљана беше домашниот голман Томиќ кој регистрира 16 успешни интервенции, а најефикасни беа Сарак кај Тримо Требње и Мандалиниќ кај Еурофарм Пелистер со по 5 постигнати голови.

Натпреварите од групата „Д” продолжуваат на 8 декември, а во Битола повторно ќе се сретнат Еурофарм Пелистер и Тримо Требње.

Треба да знаете
Последни објави