Search

Елиф Елмас проценет на 70 милиони евра

Меѓународниот центар за спортски студии објави најново истражување со кое ги вреднуваше најдобрите млади фудбалери во светот, меѓу кои се најде мaкедонскиот дијамант Елиф Елмас.

Истражувањето се однесува на фудбалери до 23-годишна возраст во најсилните лиги во светот, а Елмас се најде во него како дел од елитата на плејмејкерската позиција.

Број еден според ова истражување е Џуд Белингам од Борусија Дортмунд проценет на 120 милиони евра. Веднаш зад него со проценка на вредност од 70 милиони евра се наоѓаат Елмас заедно со Деклан Рајс од Вест Хем и со Куртис Џонс од Ливерпул.

Инаку, највердни воопшто од сите позиции се напаѓачите Халанд, Винисиус и Фоден со по 150 милиони евра. Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е највреден бек со проценка од 120 милиони евра. А меѓу голманите на врвот е Џанлуиџи Донарума од ПСЖ со 80 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави