Search

Евростат: Државјани на БиХ масовно заминуваат во ЕУ

Минатата година на 53.520 граѓани на БиХ за првпат им била дадена дозвола за престој во една од земјите членки на Европската Унија, укажуваат податоците на Евростат.

Бројот е зголемен во споредба со 2017 година, кога вкупниот број на дозволи за престој издадени на државјани на БиХ добиени за првпат во една од земјите-членки на ЕУ изнесуваа 26.395.

Најголем број државјани на БиХ се преселиле во Германија – 16.523, по што следи Словенија со над 15.000 издадени дозволи за престој.

Треба да знаете
Последни објави