Search

Душко Арсовски именуван за портпарол на Владата

На денешната седница Владата го именува Душко Арсовски за свој портпарол.

Покрај Арсовски, активен портпарол на Владата останува и Муамет Хоџа.

Душко Арсовски е новинар со дводецениско работно искуство. Роден е во 1977 година во Куманово. Активно зборува англиски, бугарски и српски јазик и со основно познавање на грчки и на шпански јазик.

Треба да знаете
Последни објави