Search

Дуковски: За „крвавиот четврток секој што што ќе го накалемел Чавков“ можел да се спаси

Адвокатот на Митко Чавков во случајот „Крвавиот четврток“, Сашко Дуковски пред судиите од Апелацискиот суд Скопје, при образложување на жалбата за затворската казна од 18 години која ја доби ексдиректорот на БЈБ. рече дека за „27 април“ секој „што ќе го накалемел Чавков“ можел да се спаси.

Дукоски побара од апелациските судии да ја укинат пресудата и да го вратат предметот на повторно судење.

-Останувам на предлогот дека поради сите суштествени повреди, нејаснотијата на целата пресуда, немањето на какви било докази, најмалку што може овој суд да направи е да ја укине пресудата. Апелација треба концизно да наведе што недостасува во пресудата од Основниот кривичен суд. Таму лицата беа осудени уште со самото приведување. Тоа се гледаше и од постапувањето на претседавачот на судечкиот совет-судијката Добрила Кацарска. Тоа се гледаше во секоја секунда на тие 62 рочишта кои се одржаа во Кривичниот суд, рече Дуковски.

Тој образложуваше зошто смета дека пресудата треба да се укине и дека ова дело, според него, не може да биде квалификувано како терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

-Сакаа да му накалемат дека со неиздавање наредби сторил вакво кривично дело. Дури и да е точно дека не издал наредба, а не е точно, тоа не е доволно ни за дисциплинска постапка, а не за вакво кривично дело, рече адвокатот.

Досега зборуваа и дел од адвокатите на другите обвинети кои, исто така, побараа укинување на пресудата поради суштествени повреди на постапката и сметаат дека нивните клиенти не може да се товарат за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Дуковски, пак, ги нарече будалаштини од најдолен вид обвинувањата од Александар Василевски Нинџа дека лица од патриотските здруженија, кои биле во придружба на ќерката на Чавков, утрово му се заканувале.

-Видовте некој од семејството на Чаков пред да започне судењето? Сега да отидете, тие се наоѓаат во Лисиче и во Струмица, овде нема никој. Тоа е истото сценарио кое се повторува и поради кое некој доби 8 години затвор, а други 15 години. Кооперативност со обвинителството. Будалаштина од најдолен вид. Ниту закана ниту ништо. Кој кому ќе се заканува? Зошто се тука командирите? Туку кој си ја има мувата на капата, си кажува, рече Дуковски.

Шеснаесет обвинети добија затворска казна од вкупно 211 години. Игор Дурловски е единствениот што доби ослободителна пресуда за што, пак, жалба поднесе обвинителството. Петнаесет лица од овој предмет беа амнестирани со Законот за амнестија, кој Собранието го донесе во декември 2018.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави