Search

Нинџа се жали, му се заканувала ќерката на Чавков и политичари

Александар Василевски  Нинџа, еден од осудените во случајот “27 април”, утрово пред почетокот на јавната седница во Апелацискиот суд во Скопје им кажа на судиите дека лица кои биле пред судската зграда во придружба на ќерката на Митко Чавков, му се заканувале, објави „360степени“.

-Сакам да ве известам дека утрово додека ме спроведуваа од притвор при влез во судската зграда лица од патриотските здруженија кои беа во придружба на ќерката на Митко Чавков ми се закануваа. А, Чавков директно ми се закани и дента кога беше изречена пресудата на 15 март 2019″, рече Нинџа додавајќи дека добивс закани од политичари и додека е во притвор.

Нинџа неодамна беше спроведен и кај обвинителката Вилма Русковска на негово барање токму поради, како што рекоа од обвинителството, добивање закани од други осудени лица во предметот за настаните од 27 април 2017 во Собранието.

Нинџа е осуден во предметот на 8 години затвор, додека Митко Чавков од првостепениот суд доби највисока затворска казна од 18 години.

Двајцата се меѓу 16-те осудени кои заедно со нивните адвокати на јавна седница пред Апелација која започна вчера, а продолжи денеска, треба да ги образложат нивните жалби за пресудата.

 

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави