Search

ДУИ: Причина за разрешувањето на Арбен Зибери е неговото презиме

Разрешувањето на директорот на центарот за јавно здравје Скопје е срамен  чин на политичка одмазда и латентна омраза кон Албанците, велат од ДУИ.

„Арбен Зибери секогаш им служеше на земјата и на своите граѓани со лојалност и посветеност и несомнено играше голема улога во управувањето со кризата со Ковид19. Додека министерот за здравство ги читаше извештаите подготвени од институцијата на Арбен Зибери, тој немаше
скрупули да не ги следи наредбите на СДСМ да го отпушти својот вработен од еднострани причини.

Причината за неговото разрешување е повеќе од јасна, бидејќи се случи наскоро откако чичкото на Арбен Зибери призна дека се кандидира за премиер. Атакот на семејството на првиот албански кандидат за премиер е срам и неприфатлива акција. Тоа го покажува и менталитетот на
македонските партии, кои според нив моќта им припаѓа само на Македонците, а Албанците немаат право да претендираат за премиер.

Разрешувањето е исто така јасен чин против слободата на говорот и чин на дискриминација, затоа што досега ниту еден не бил отпуштен од владата заради искажување на своето мислење на Фејсбук. Без воопшто да се суди за содржината на фејсбук статусот на  Зибери, сите знаат дека ако тоа би била вистинската причина, половина од министрите на СДСМ, вклучително и поранешниот премиер Заев, ќе требаше да бидат отпуштени неколку пати. „Едно Општество за сите” не е ништо повеќе од маркетинг слоган за СДСМ.
Позади оваа фасада, СДСМ не е ништо подобра од своите претходници со тоа што сè уште не ги прифаќа основните демократски принципи како што се слободата на говорот, еднаквоста и правото на немнозинските етникуми да го номинираат својот кандидат за премиер. За албанските граѓани, но и за граѓаните од други етникуми, како и за Македонците, ова неприфатливо дејствување на СДСМ е уште една причина зошто ни треба првиот  премиер Албанец да донесе реални промени. и еднаквост во Северна Македонија. Граѓаните ќе го дадат својот одговор на гласачките ливчиња.“

Треба да знаете
Последни објави