Search

Доктор Кочиај: Разбудете се од сонот, отворете ја четвртата ковид болница, болните остануваат во амбулантни возила

Доктор Дритан Кочиај од ковид болнцата „Шефќет Дроќи, утрово во 3:00 часот упати апел до надлежните да отворат нови болнички капацитети затоа што „болните остануваат во дворот на болниците во амбулантни возила”.

Во апелот упатен до премиерот Еди Рама, минстерката за здравство Огерта Манастирлиу и Комитетот на експерти за справање со пандмеијата стои „разбудете се од сонот, отворете ја четвртата ковид болница”.

-Во болниците нема слободен кревет. Само во дворот на болницата „Шефќет Ндроќи” или ковид два болницата, има шест амбулантни возила со болни во критична состојба. Разбудете се од сонот, отворете ја четвртата ковид болница. Под итно се потребни болнички легла, апелира докторот.

Албанските медуми пренесуваат снимки и наведуваат дека пред болницата и понатаму се абмулантните возила а роднините на болните се крајно револтирани.

-Во неколку наврати забележани се обиди роднините насилно да влезат во болницата. Во трите ковид болници, според вчера соопштените податоци на ресорното министертво хоспирализирани се 434 и оти  се уште има слободни места. Но, се чини дека не е така, констатира Ора њуз телевизија.

Во меѓувреме Топ чанел, повикувајќи се на извори од ресорното министерство, објави дека утре се отвора трето одделение во третата ковид болница во кое има 50 легла, а следните денови и четвртата ковид болница со 100 болнички кревети.

Треба да знаете
Последни објави