Search

Додик ќе побара помош од своите „пријатели“ доколку НАТО се обиде да интервенира на територијата на Република Српска

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека Република Српска има намера да се бори за своите цели со политички средства, но дека е подготвена и за вооружени конфликти доколку е потребно за тоа ќе побара помош од  своите „пријатели“.

-Ако дојдат да кажат дека НАТО ќе интервенира, ние ќе побараме помош од нашите пријатели кои јасно и гласно ни рекоа дека никогаш не ги оставаат своите пријатели на цедило, рече Додик за Радио и телевизија Република Српска (РТРС), но не ги посочи имињата на „пријателите“.

Евентуалната интервенциите на НАТО на територијата на Република Српска според Додик би било чин на „агресија“ и тогаш, како што рече, ќе има право да ги повика своите пријатели да ги заштитат.

-Не сакаме ескалација на проблемот. Ова е политичко прашање и политичка борба. „Тука се донесуваат политички, а не воени одлуки“, рече Додик, зборувајќи за неговата иницијатива РС да ја повлече својата согласност за формирање повеќе институции на државно ниво, вклучувајќи го и постоењето на Вооружените сили на БиХ.

За актуелната состојба на Косово, српскиот член на ротирачкото претседателство на БиХ одговорноста ја гледа кај меѓународната заедница. Додик како што рече нападот врз Србите на северот на Косово, што го извршија силите под контрола на Приштина, ги вознемирува и ги иритира сите региони и области каде што живеат Срби.

-Ваквото однесување нема оправдување, и ако меѓународната заедница не го спречи бесот на косовската полиција, таа ќе биде одговорна за се она што може да се случи во иднина во регионот, предупредил Додик и нагласил дека ова е последна шанса Приштина да прекине со провокациите.

Треба да знаете
Последни објави