Search

Дипломатски скандал: Црногорски министер го спореди Вулин со нацистите

Српско-црногорскиот конфликт кој деновиве е на точка на вриење по носењето на спорниот Закон за слобода на вероисповедта во Црна Гора, дојде на ново ниво и на чекор од скандал кога еден од црногорските министри го спореди својот српски колега со нацистите, пренесува „Вечерње новости“

„Однесувањето на српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, при посетата на Црна Гора е трагикомично и претставува политички перформанс. Сè што прави и изјавува Вулин во последно време би било навистина смешно да не е министер за одбрана на Србија. Вака станува трагикомично и неговиот национал-социјализам најмногу им штети на интересите на Србија“, оцени црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ.

Тој додаде дека таквиот пример е политички перформанс и дека Црна Горда секогаш ќе се однесува во согласност со законот и Уставот.

„Ја почитуваме државата Србија и секој нејзин државен орган, па дури и во ситуација кога господинот Вулин и нему сличните не нè почитуваат ниту нас, ниту нашите закони, ниту вообичаената дипломатска пракса“, посочи црногоракиот министер.

Вулин подоцна реагираше на изјавата на својот црногорски колега.

„Многумина го потценуваат и му се потсмеваат на Божковиќ, но грешат. Не плаши се од оној што не се плаши од ништо туку од оној што не се срами од ништо, а тој не се запознал со срамот. Бошковиќ без срам ги навредува сите жртви на нацизмот“, посочи тој.

„Кога на гробот на убиен министер за заедничката држава Србија и Црна Гора нема да дојде министерот за одбрана на Црна Гора, тогаш тоа е трагично. Кога за обидот за спречување на доаѓањето на српската делегација ќе го обвини Министерството за култура, тоа е комично. Кога црногораки министер мисли дека може да го понижи митрополитот на СЦП, тоа е тажно“, додаде Вулин.

Треба да знаете
Последни објави