Search

Диого Жота потпиша петгодишен договор со Ливерпул

Португалскиот репрезентативец Диого Жота е нов играч на Ливерпул. Тој потпиша петгодишен договор. Трансферот, неофицијално, изнесува 43 милиони евра.

„Ова е фантастичен момент за мене. Уште како дете сакав да играм за европски фудбалски великан, а Ливерпул е тоа – светски шампион. Едвај чекам да започнам“, изјави Жота.

„Јас сум тимски играч. Играм офанзивно но мојата задача е да наоѓам патишта до противничките голови и да асистирам. Навивачите ќе уживаат во моите настапи. Ќе дадам се од себе за да ја оправдам довербата“, додаде Португалецот кој три сезони играше за Вулверхемптон.

Жота претходно играше за Пакос Фереира, потоа за Атлетико Мадрид, една сезона како позајмен во Порто, а потоа отиде во Вулверхемптон.

Треба да знаете
Последни објави