Search

Димитров: Македонија го признава Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска се огласи преку Твитер за позициите во однос на случувањата во Венецуела, давајќи му поддршка на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој неодамна се прогласи за времен претседател на државата, а досега е признат од 11 европски земји.

-Република Македонија, во согласност со своите европски партнери, го поддржува и го смета претседателот на Собранието на Венецуела,  Хуан Гуаидо за времен претседател, согласно Уставот и со цел да организира слободни, фер и демократски претседателски избори, напиша Димитров на Твитер.

Досега 11 земји членки на ЕУ го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела. Претходно, Италија го блокираше нацрт соопштението на ЕУ во кое се наведува дека сите земји членки на Унијата ќе го признаат Гуаидо за привремен претседател на Венецуела. Спротиставувањето на Италија спречи да се донесе единствен став на ЕУ за Венецуела.

ЕУ му даде рок, што истече на полноќ, на Николас Мадуро да распише нови претседателски избори, во спротивно ќе го признае опозиционерот Хуан Гуаидо како легитимен привремен претседател додека тој не организира нови избори. Мадуро вчера го одби ултиматумот на ЕУ.

Европскиот парламент исто така минатиот петок го призна опозиционерот Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

Треба да знаете
Последни објави