Search

Дете преживеа 40 минути под лавина во Франција

Момче на возраст од 12 години било пронајдено живо откако 40 минути било затрупано во снежна лавина на француските Алпи.

Детето, чиј идентитет не е објавен, било на скијање со своето семејство кога областа била погодена од лавина. Би-би-си, исто така, објави дека малолетникот застранил од безбедниот пат.

По 40 минути откако го затрупала лавината, момчето го пронашле кучиња трагачи.

„Шансите за преживување по 15 минути под снег се минимални“, изјавил еден од спасувачите за АФП.

Момчето на крајот минало само со скршеница на ногата и било хоспитализирано во локална болница.

Треба да знаете
Последни објави