Search

Делови од општините Карпош, Сарај и Гази Баба утре без струја

Без електрична енергија утре од 6:00 до 09:30 часот ќе останат дел од корисниците од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” броеви 70, 75, 77, 79, ресторан „Интермецо”, Карате клуб „Работнички”, а и пералните за возила на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” во Општина Карпош.

Во периодот од 8:55 до 11:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците од скопските села Долно и Горно Свиларе, Рашче, Копаница, Бојане, дел од Кондово, Дворце, Радуша, Ораше, Грачани, Кучково, викенд населбата Веле поле, Геолошки Силекс, Караула Чашка, Техногас 2.

Од 8:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „6″, „8″, „10″ и дел од улицата „Антон Велковски” во Општина Гази Баба.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електросистемот на Град Скопје.

Треба да знаете
Последни објави