Search

Двајца Срби од крузерот во Јапонија позитивни на тестот за коронавирусот

Двајца државјани на Србија кои биле дел од посадата на крузерот „ Дајмонд принсес“ се заразени од коронавирусот, изјави Ивица Дачиќ, минисетерот за надворешни работи на северниот сосед.

Дачиќ потврди дека МНР од Јапонија е известено дека двајца од преостанатите единаесет српски државјани кои биле дел од посадата на крузерот што е укотвен во пристаништето Јокохама во Јапонија, биле позитивни на тестовите за коронавирус. Стануцва збор за лицата со иницијали С.О. (29 г.) и М.Т. (30 г.).

Српското министерство за надворешни работи очекува информации кога нивните државјани ќе бидата симнати од крузерот и во која болница ќе бидат сместени. Последната група патници кои биле позитивни на тестовите за коронавирусот  е сместена во новоотворена болница која се аноѓа 300 километри оод Токио, во близината на Нагоја.

На крузерот кој беше во карантин во јапонија се наоѓаа 3.700 патници од кои 14 беа државјани на Србија, а меѓунив 12 беа членови на посадата. Во Србија се вратија два патника, како и еден член на посадата.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави