Search

Двајца полицајци ранети при пукање во супермаркет во САД, напаѓачот е убиен

Двајца полицајци се ранети при пукање во супермаркетот „Волмарт“ во источниот дел на Арказанс, САД, а напаѓачот е убиен, соопштија официјални лица.

Пукањето се случило во Форест Сити, на 135 километри источно од главниот град Литл Рок.На прес-конференцијата, началникот на полицијата, Деон Ли, изјави дека во полиција билo пријавено кај еден човек што им се заканувал на луѓето и дека зборувал неповрзано.

Ли изјавил дека повредените биле членови на Одделот за кривична истрага и дека никој од нив не носел панцир. Градоначалникот Седрик Вилијамс изјави дека нема повредени цивили како резултат на „брзата реакција и херојството“ на полицајците.

Треба да знаете
Последни објави