Search

Двајца обвинети признаа вина за насилство врз Села

Обвинетите Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски признаа вина за насилство за настаните во собранието на 27 април.

„Признавам вина, по снимките не можам да кажам дека не сум виновен. Се случи тоа во нервоза, агресија…“, рече Павлески на денешното судско рочиште.

За двајцата обвинети делото обид за убиство беше преквалификувано во насилство. Тогаш, обвинителот, Дарко Јакимовски, рече дека утврдиле нови елементи и предложи обвинителниот акт да биде изменет. Судискиот совет донесе решение да ја укине мерката притвор против нив двајца и определи мерка за претпазливост, задолжително пријавување во судот и да им бидат одземени пасошите.

Ним ќе им се суди во посебна постапка одвоена од другите седуммина обвинети за обид за убиство врз пратеникот Зијадин Села.

На претходното рочиште за овој случај беше повлечено и обвинението против Сашо Сенков.

Треба да знаете
Последни објави