Search

Дванаесет танчерки затекнати во угостителски објект во Тетово

Во полициска контрола во угостителски објект во тетовското село Горно Седларце, општина Боговиње, биле затекнати 12 девојки, кои работеле како танчерки. Седум од нив биле од Албанија и пет од Република Северна Македонија.

Албанските државјанки, по задржувањето во Полициската станица Тетово, биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави