Search

Грците забранија протести за време на посетата на Меркел

Во очи посетата на германската канцеларка, Ангела Меркел во Атина, грчките власти забранија протестни собири во центарот на градот и најавија затворање на улиците и неколку метро станици.

Меркел доаѓа во официјална посета на Атина по пет години, а со грчкиот премиер, Алексис Ципрас би требало да се состанат околу 18 часот. Двајцата ќе разговараат за финансиите и европската политика, но ќе се осврнат и на миграциите и преспанскиот договор помеѓу Грција и Македонија.

Мерките за обезбедување се засилени со ангажирање на 2.000 полицајци, полициски хеликоптери и дронови, пренесе „АП“.

Треба да знаете
Последни објави