Search

Грнчаров: Виновник за ваквата состојба во Вардар е само еден човек

Фудбалскиот клуб Вардар е во нок-даун. Газдата Сергеј Самсоненко најави дека ќе го врати клубот на Град Скопје, но од таму му возвратија дека ќе ја преземат грижата за скопската и македонска гордост ако ги расчисти долговите кои неофицијално се околу два милиони евра.

На ова меѓу другите реагираше донеодамнешниот капитен на Вардар, Бобан Грнчаров со статус на Фејсбук.

-Многу ми е смешно кога гледам коментари град Скопје да помогнел на ФК Вардар. Како прво како Вардар бара помош од град Скопје кога должи над два милиони евра, затоа што кога земаа пари од Европа над пет милиони, не кажаа ај ќе поделиме со град Скопје, за утре да ни помогнат и тие. Вардар е приватен клуб и кога зема пари и кога треба да се дадат пари, единствено за ова што се случува во моментов е виновен еден човек и тој треба тоа да го реши сам (се надеваме дека денеска ќе го реши и Вардар ќе добие лиценца). А второ, парите што ги земаа од Лига Европа се во РК Вардар, па помош нека бараат од таму“, напиша Грнчаров.

Треба да знаете
Последни објави