Search

Град Скопје со видео снимка докажа дека се прска против комарци

Град Скопје со видео снимка докажа дека се прска против комарци

По големиот револт на граѓаните за големата наезда од комарци, градските власти се пофалија и со видео за да ги побијат заблудите дека навистина се работи на терен.

„Заради зголемените врнежи во изминатиот период се создаде поволна клима за брзо размножување на комарците, па Град Скопје одлучи третото прскање наместо два дена да трае четири дена со што се зголемува интензитетот на заштита. Третото авионско прскање против возрасни комарци денеска се изврши во раните утрински часови, а ќе се одвива и во наредните три дена, односно до 13 август (понеделник)“ – стои во сооштението на Град Скопје.

Задоцнетото прскање и натаму останува главна тема на дискусија. Луѓето во бели мантили повторуваат – секое прскање после март или април е задоцнето затоа што ларвите веќе станале комарци и дека властите уште одамна требало да заврши со третото прскање.

Неподносливите чешања и осипи можат да бидат непредвидливи за многу болести кои ги пренесуваат овие инсекти. Докторите со низа препораки.

Во аптеките се трошат и последните резерви од препаратите за заштита од комарци, но и за третирање за убодите. Граѓаните велат, оваа година големите комарци станале имуни на сите средства, но и дека градот е преполн и со многу други инсекти.

 

 

Треба да знаете
Последни објави