Search

Градоначалници од северниот дел на Грција бараат отворање на сите гранични премини со Бугарија

Итно отворање на граничниот премин Нимфеа, а постепено и останатите премини со Бугарија; забрана за излез на грчки државјани преку преминот Кипи со Турција; продолжување на забраната за работа на преминот Кастањес со Турција; поставување здравствени единици од грчката национална здравствена организација или од војската на сите премини, се дел од барањата на 22 градоначалници од периферијата источна Македонија и Тракија во издадената резолуција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

На вчерашната нивна средба преку видеоконференција главната тема била забраната за влез на туристи во Грција преку останатите гранични премини што се во нивната периферија, односно на границата со Бугарија и Турција.

Во резолуцијата коментираат дека од моментот кога „е забранет влез за туристи, дозволено е грчките граѓани да одат и да се враќаат од Бугарија и Турција, наспроти секаква здравствена логика и на штета на грчките погранични бизниси”.

Треба да знаете
Последни објави