Search

Градоначалникот Курто Дудуш е добитник на наградата ,,Најпријателски ромски градоначалник” за 2019 година

Градоначалникот Курто Дудуш е добитник на наградата ,, Најпријателски ромски Градоначалник” за 2019 година.

Наградата ,,Најпријателски ромски Градоначалник” му беше врачена вчера на церемонијата која што се одржа во Еврoпскиот парламент во Брисел, од претставници на Европската комисија и Европскиот парламент, во рамки на проектот ,, Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција”.

Проектот е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG и е имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација.

Коалицијата ,,Khetane” беше организатор на изборот во Р. С. Македонија која заедно со претставници од меѓународни институции и владини претставници во независната комисија го прогасија градоначалникот Курто Дудуш за победник со  освоени 38 поени, наспроти Берово со 31, Куманово 27 и Крива Паланка со 17.

Треба да знаете
Последни објави