Search

Герaсимовски: Подземните гаражи кај Дом на градежници ќе ги оспособиме за паркирање

Вечерва Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата ги претстави проектите пред граѓаните кај Домот за градежници. Герасимовски порача дека во реонот ќе има ново зеленило но и решавање на проблемот со подземните гаражи.

„Свесен сум дека во овој дел од општината најголем проблем е паркирањето. Затоа планираме да го решиме проблемот со подземните гаражи кои зјаат празни. Граѓаните овде не може да паркираат поради малото растојание на столбовите. Ние ќе ги исчистиме и ставиме во функција овие гаражи со што ќе добиеме повеќе места за паркирање за резидентните станари“, изјави Герасимовски.
Герасимовски рече дека во изминатиот период кај Градски ѕид општината го реконструирала детското игралиште, се сменила урбаната опрема, се поставиле нови клупи и централно зеленило, а се асфалтирала и велосипедската патека.

„Општина Центар продолжува посветено да работи во сите маала за сите потреби на граѓаните затоа верувам дека на 17 октомври ќе гласате за бројот 12 и ќе ја одберете вистинската опција за најдоброто за општина Центар“, заврши Герасимовски.

Треба да знаете
Последни објави