Search

Германија одобри изградба на подводен тунел до Данска

Германските власти одобрија изградба на подводен тунел за патнички и железнички сообраќај, вреден осум милијарди долари, кој би ја поврзувал земјата со Данска.

Властите на Германија се одлучиле за таа инвестиција, наспроти спротивставувањата на активисти за заштита на животната средина.

Тунелот, кој ќе биде долг 19 километри и ќе го поврзува германскиот остров Фермарн со данскиот остров Лоланд, би требало да биде завршен 2024 година, но работите се одложени поради протестите на активистите во Германија.

Остроот Фермарн веќе е поврзан со патнички сообраќај со германското копно, но новиот тунел во голема мера ќе го забрза патниот сообраќај од германските градови Хамбург, Бремен и Хановер до Копенхаген, престолнината на Данска и шведскиот град Малме.

Проектот делумно го финансира Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави