Search

Генерално чистење на скопските општини – ќе се отстрануваат графити со говор на омраза

По повод Светскиот ден на чистењето (World cleanup day), ЈП „Комунална хигиена“ од Скопје, во сабота (21. септември), ќе започне масовна акција за генерално чистење на сите скопски општини.

Во рамките на акцијата ќе бидат отстранети и графитите со навредлива содржина, коишто промовираат говор на омраза, верска и етничка нетрпеливост.

Почетокот на акцијата ќе го означат директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани, градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Треба да знаете
Последни објави