Search

Гвардиола и „Сити“ ги спуштија на земја Мурињо и „Јунајтед“

Фудбалерите на „Манчестер Сити“ убедливо го поразија градскиот ривал „Јунајтед“ со 3:1 во 177 дерби на двата тима од Манчестер. Тимот предводен од Пеп Гвардиола брзо им покажа на „црвените ѓаволи“ кој е главен во градот, откако нереално пораснаа амбициите на „Јунајтед“ по среќната победа во средата против „Јувентус“ во Торино.

Тимот на Жозе Мурињо, кој настапи без Паул Погба брзо се најде во проблеми поради брзата игр и многу додавања на „Сити“, кои на својот стадион „Етихад“ дојдоа во водство уште во 12 минута преку Давид Силва. Со тој резултат се отиде на полувреме. Но само по три минути во вториот дел Серхио Агуеро ја проби одбраната на гостите. Во 58 минута „Јунајтед“ од пенал намали на 2:1 преку Марсиал. Сепак, до пресврт не дојде, па Гундоган го постави конечниот резултат.
Ова е седма последователна победа на тимот на Гвардиола сезонава, кој повторно го презеде водството од „Ливерпул“ со 32 бода. Тимот на Клоп има два бода помалку, а „Јунајтед“ е осми со 20 бода.

Треба да знаете
Последни објави