Search

Гал Гадот чека трето дете

Ѕвездата на суперхеројскиот блокбастер Wonder Woman или жена-чудо потврди дека таа и нејзиниот сопруг Јарон Варсан се подготвени да го пречекаат нивното трето дете – братче или сестричка за тригодишната Маја и деветгодишната Алма.

Гал Гадот сподели симпатична семејна фотографија на која се гледаат двете ќерки и сопругот.

Израелката која стана едно од најзвучните имиња во светот на филмот откако го оживеа ликот на „Вондер вуман“, претходно откри дека се чувствувала возвишено кога станала мајка.

Споделувајќи го своето искуство, таа рече: „Кога ги родив моите две ќерки. Знам дека ова звучи претерано, но се чувствував како да сум Бог кога се породив. Најдоброто чувство на светот е да станеш мајка и да дадеш живот.“

„Бев многу понервозна со својата прва бременост, но со Маја беше полесно. Поинаку е бидејќи го имате тоа искуство кога ќе добиете второ дете.“

Треба да знаете
Последни објави