Search

Вујовиќ: Загубивме добиен меч, Обрван: Завршивме голема работа

По натпреварот против Загреб во ЛШ, тренерот на РК Вардар  Веселин Вујовиќ истакна дека се плаши како неговиот тим ќе реагира понатаму од овој неуспех.

-Вложувавме многу надеж за овој меч дека можеме повеќе на овој меч. Загубивме добиен меч, грешевме кога не смеевме да грешиме. Честитки за Загреб за важната победа во овој тежок и грд натпревар. Игравме доста лошо, не знам зошто е тоа, дали е тоа една голема тензија, тоа е за подлабока анализа. За седум дена не чека важен натпревар против Еурофарм Пелистер. Се плашам дека овој пораз може да создаде негативен ефект кај моите играчи. Седум меча немаме победа, против сите играме добро, но бодовите се впишуваат кај други на крај. Се надевам дека ќе имаме подобри игри понатаму и ќе се пласираме во следниот круг, што е цел на нашата екипа, а на Загреб му посакувам се најдобро, изјави Вујовиќ.

тренерот на домаќините, Ивица Обрван, пак, доста емотивно ја доживеа победата на ППД Загреб против Вардар. Хрватскиот стратег прослави со солзи во очите, а на конференцијата по мечот истакна дека е горд на играчите и ѝ честита на целата екипа на успехот против двократниот европски првак.

-Среќен сум затоа што победивме, затоа што се извадивме од калта од првото до десеттото коло и добивме една квалитетна екипа. Два до три пати во финишот го најдовме патот од заостанување од два гола. Имавме и доста среќа, противникот промаши неколку зицери. Баш очекувавме ваков меч. Би сакал да ѝ честитам на целата екипа, посебно на одбраната. Нападот беше лош, тоа е наша болка. Имаме тежок распоред во продолжението од ЛШ. Вардар и Загреб имаат долгогодишно ривалство, најдобри се на овие простори. Му посакувам на противникот среќа во ЛШ и во првенството-, изјави Обрван.

ППД Загреб со триумфот над Вардар повторно е во игра за нокаут-фаза. Тимот кој дваесет натпревари немаше победа во ЛШ, со успесите против Мешков Брест и македонскиот тим скокна на шестото место и до крај ќе води битка за осминафинале.

Треба да знаете
Последни објави