Search

Во Црна Гора од 790 тестови дури 235 се позитивни на коронавирусот

Во Црна Гора во последните 24 часа потврдени се 235 новозаразени од направени 790 тестови, додека од последиците на Ковид-19 починале тројца пациенти.

Вкупниот број активни случаи изнесува 3.671, а во последните 24 часа оздравеле 191 пациент.

Од почетокот на епидемијата во Црна Гора од последиците на Ковид-19 починаа 158 пациенти, а од јуни 149.

Вкупниот број заразени е 10.197, пренесе „Вијести“.

Треба да знаете
Последни објави