Search

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус.

Според уредбата објавена на веб-страницата на руското Министерство за здравство, граѓаните од целата земја од утре мора да носат маски на јавни простори, јавен превоз, паркиралишта и лифтови.

Се ограничува и работното време на кафулињата и рестораните, кои можат да бидат отворени од 6 до 23 часот.

Вчера Русија имаше 16.500 новоинфицирани, но и најголем број починати – 320 во рок од 24 часа.

Треба да знаете
Последни објави