Search

Во протестите во Белград настрадале 43 полицајци и 17 демонстранти

Од протестите во Белград кои се случија синоќа, а како повод да се излезе на улица беа највените мерки од српскиот претседател Александар Вучиќ за водедување на полициски час во главниот град поради ескалацијата на пандемијата со коронавирусот, настрадале 43 полицајци и 17 демонстранти.

Директорот на полицијата во Србија, Владимир Ребиќ потврди дека за време на прптестите пред Собранието биле приведени 23 лица. Според него полицијата за време на нередите за да ја стави ситуацијата под контрола реагирала воздржано. Пред Собранието биле ангажирано околу 200 полициски службеници и тој брил се менувал, бидејќи во прв момент не се очекувало насилен развој на настаните.

Ребиќ демонстрантите кои ги имало неколку илјади ги нарече хулигани кои со камења, шишиња… фрлале кон полицијата и се обидувале да им ги загрозат животите, како и да влезат во зградата на Собранието во што биле спречени.

Запрашан дали овој насилен настап на демонстрантите бил обид да се урне власта на претседателот Вучиќ, директорот на полицијата рекол дека тоа е работа на обвинителството да утврди која била позадината.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави