Search

Во пожар во автобус во Кина загинаа најмалку 26 луѓе

Турситчки автобус во Кина се запали, по што загинаа најмалку 26 луѓе, а повредени се 28 и петмина се во критична состојба.

Автобусот од соседната покраина Хенан се запалил синоќа на автопатот во градот Чангдеу, во северозападната покраина Хунан.

Во автобусот имало 56 луѓе, двајца возачи и туристички водич. Двајцата возачи се наоѓаат во притвор, а почнала истрага за причините за несреќата, јави „Синхуа“.

Треба да знаете
Последни објави