Search

Во Москва и натаму пристигнуваат закани за поставени бомби

Специјалните полициски служби во моментов вршат итни прегледи во пет московски училишта, детска болница и породилиште, како и на 12 окружни судови, по анонимните предупредувања за поставени бомби во овие згради.

-И натаму ни пристигнуваат закани за поставени бомби ширум Москва, за Тасс изјави извор од службите за итни интервенции.

Како што наведе, во моментов се проверуваат осум локации, а во пребарувањата се вклучени специјални единици и кучиња трагачи.

„Заканите со бомби и натаму пристигнуваат во московските судови. Непознато лице информира дека експлозивен материјал е поставен во Окружниот суд во Коптевско, и таму во тек е безбедносна проверка, пренесе Тасс.

Утринава и неколку окружни судови во Санкт Петербург, исто така, примиле слични закани и таму е во тек евакуација на персоналот.

Треба да знаете
Последни објави