Search

Во Конгресот на САД поднесен нов закон против мешањето во американските избори

Во Комитетот за правосудство на Сенатот на САД синоќа беше едногласно одобрен Закон за заштита на изборите, кој предвидува мерки против обидите да се влијае на изборниот процес во САД.

Законот сега оди на одобрување во Сенатот, каде што е веќе поднесен нацрт-закон број 1328, наречен Закон за заштита на изборите од тролови на непријателски режими (ДЕТЕР Акт). Законот предвидува санкции против лица, групи и организации осомничени за влијание на изборите.

Според некои точки од нацрт законот, лицата кои се замешани во дела  против демократијата можат да бидат лишени од американски визи или депортирани од земјата.

Законот, исто така. е насочен и против странски влади и ја става вмешаноста во изборниот процес на исто рамниште со нарушување на миграциските закони.

Оваа законска иницијатива беше одобрена од соодветното тело на поранешниот состав на Сенатот и сега е повторно внесена на разгледување.

Треба да знаете
Последни објави