Search

Во Италија 239 новозаразени лица во последните 24 часа

Во Италија, во последните 24 часа се регистрирани 239 нови случаи на коронавирус, осум лица починаа и сите се од регионот Ломбардија, која во врвот на пандемијата, беше епицентар на заразата.

Тестирани се 43.269 лица, а вкупно 6.916.765 лица се тестирани од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Во моментов, на целата територија има 12.456 позитивни лица.

Владиниот техничко-научен комитет тврди дека епидемиолошката состојба е под контрола, а само Ломбардија регистрира смртни случаи. Од граѓаните се бара да ги почитуваат мерките за заштита, да носат маски, да одржуваат физичка дистанца и мерки за лична хигиена.

Треба да знаете
Последни објави