Search

Во Грција 14 илегални мигранти повредени во несреќа

Четиринаесет лица се повредени во несреќа кога возачот на автомобил изгубил контрола над воланот, соопшти полицијата.

Автомобилот, наjверојатно, тајно влегол во земјата и ги превезувал Сиријците преку стариот автопат во северна Грција до Солун, кога полицијата ги забележала и се обидела да ги запре околу 2 часот наутро, пренесува АП.

Возачот не запрел и во еден момент изгубил контрола над воланот.

Во возилото, сите патници биле сириски државјани – 11 мажи, една жена и двајца тинејџери, од кои осум биле згрижени и пуштени, а шестмина задржани во локалната болница, вклучувајќи го и возачот.

Треба да знаете
Последни објави