Search

Во Бугарија тројца починати и над 170 нови случаи на Ковид-19

Бугарија забележа 174 нови случаи на Ковид-19, 19 повеќе од претходниот ден, а вкупниот број на заразени во земјата достигна 18.390.

Вчера починале тројца пациенти, а вкупниот број на починати изнесува 739.

Моментално 744 пациенти се наоѓаат на лекување во болниците, од кои 43 се на одделенијата за интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата во земјата, 13.241 лица оздравеле од коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави