Search

Во албанскиот туристички сектор последиците од земјотресот ќе се чувствуваат пет години

Туристичкиот сектор во Албанија најмногу ќе биде погоден од последиците од разорниот земјотрес, што ја потресе земјата на 26 ноември.

Ова е констатирано во извештајот за проценка на потребите по земјотресот, каде што стои дека загубите за овој сектор ќе бидат околу 73,5 милиони евра, со последици кои ќе траат 4-5 години.

Во извештајот загубите од земјотресот се поделени во четири категории.

„Загуби во обртот на средства кај деловните субјекти поради делумно затворање на активността како резултат на оштетување на објектите, што ќе продолжи се додека не се санираат и стават во функција; Загуби од вработување; Проценети загуби поради пад на бројот на странски посетители; Загуби поврзани со отстранување на отпадот. Најголем удел е недостигот на приходи од падот на бројот на странските посетители, од оваа па се до 2022 година, со најголем пад оваа сезона”, стои во извештајот.

Поконкретно само за три години, перод 2020/2022 година, се проценува дека албанската економија ќе загуби 61,5 милиони евра.

Во однос на процесот на закрепнување, потребата се проценува на околу 10,9 милиони евра, од кои 5,6 милиони евра за потребите за реконструкција и 5,3 милион евра средства за обновување на бизнисот. Драч и Каваја се најпогодените градови во овој поглед, меѓу 11 општини погодени од земјотресот.

Треба да знаете
Последни објави