Search

Вориорси пресилни за ветераните на Лејкерс

Голден Стејт вориорс во подготовките за новата сезона во НБА-лигата го совлада Лос Анџелес лејкерс со 111-99.

Лејкерс подобро го отвори мечот, па ја добија првата четвртина со осум поени разлика, но Голден Стејт потоа направи пресврт и до крајот стигна без проблеми до триумфот.

Во екипата на Голден Стејт најдобри беа Џордан Пул со 18 поени, Дамион Ли и Ото Портер со по 16, а Немања Бјелица даде 10 поени, со по пет скокови и три асистенции.

Кај Лејкерс најефикасни беа Ентони Дејвис со 20 поени, Леброн Џејмс постигна 17, а Кармело Ентони даде 13.

Треба да знаете
Последни објави