Search

Волците го освоија „Емирати“ и се одмаздија за страотната повреда на Раул

Лестер, Астон вила, па сега и Вулверхемптон му зеде мерка на Арсенал со триумф од 2-1 на „Емирати“, по што Волците се одмаздија за хорор повредата на Раул Хименес, кој по воздушен дуел со Давид Луис заврши во болница.

Страотниот инцидент на стартот од средбата не ги извади од ритам фудбалерите на двете екипи, а Вулверхемптон тргна по изненадување со погодокот на Нето во 27-та минута.

Израмнувањето следуваше само три минути подоцна, Габриел со глава го совлада Руи Патрисио, што беше најава за супер интересна пресметка во Лондон.
Нов шок за домаќините следуваше пред паузата, Поденс искористи мешаница пред голот на Лено и во 42-та минута го постави конечниот резултат.
Арсенал сега има повеќе порази (5) отколку победи (4) по 10 кола во Премиер лигата и останува на 10 бода, односно 14-тото место на табелата. ВУлверхемптон се искачи до шестото место со 17 бода.
Треба да знаете
Последни објави