Search

Воздухопловните сили на Индија ги пронајдоа остатоците од авионот што исчезна минатата недела

Хеликоптер на индиските воздухопловни сили во вторникот забележа остатоци од авион што исчезна минатата недела над оддалечените планини што граничат со Кина, а властите се обидуваа да ја откријат што се случило со 13-те лица кои биле на него.

„Напорите продолжуваат да се утврди статусот на патниците и дали има преживеани“, изјавија воените сили.

Авионот исчезнал од радарот на 3 јуни, кратко време откако полетал од градот Јорхат во источната држава Асам. Во авионот имало осум членови на екипажот и пет патници.

Мито Дирчи, окружен претставник во државата Аруначал Прадеш, каде што бил упатен авионот, за Ројтерс изјави дека остатоците од истиот биле забележани близу местото каде што авионот исчезнал од радарот.

Треба да знаете
Последни објави