Search

Возач и сопатник повредени во сообраќајка

Возач и сопатник биле тешко повредени во директен судир на два автомобили, вчера кај Злокуќани.

Според полицијата, сообраќјната несреќа се случила во 21.20 часот на улицата Скупи . Автомобил голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.(34) од селото Волково директно се судрил со возило „мерцедес“  што го управувал Р.Ш.(19) од Скопје.

Со повреди се здобиле возачот Д.Д. и сопатникот во „голфот“ М.С.(21) од Скопје, . Тие биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави