Search

ВМРО-Народна: Само една изборна единица ќе ја забетонира демократизацијата

ВМРО-Народна партија реагира во однос на, како што наведува, непринципиелноста на коалицијата помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ особено кога и двете партии настапуваат контра – демократизацијата на Македонија.

„Имено, не не изненадува постапката на старо-новите партнери па илјадниците амандмани на контото на предлог-законот за измени во изборниот законик го покажува нивниот страв но и “демократскиот“ порив на политичките партии кои самите милуваат да се препознаваат како “демократски“.

ВМРО-Народна партија останува принципиелно на својот повеќегодишен став дека само една изборна единица вистински ќе ја забетонира демократизацијата и плурализмот во Македонија односно ќе отвори широко поле за фер натпревар помеѓу сите партиско-политички чинители во државата.

Секое кочење на ваквиот процес претставува грубо кршење на демократските принципи односно го ограничува изборот на нацијата, а со тоа се урнисува и принципот на фер избор со еднаков пристап кон сите партиско-политички чинители“, велат од ВМРО-Народна преку соопштение.

Треба да знаете
Последни објави