Search

ВМРО-ДПМНЕ: Факти кои го одбележаа денот

Факти кои го одбележаа денот:

1.Нови случаи на непотизам, претседателот на советот на општина Штип, Јане Миланов го вработи целото семејство во администрација.

2.Возилата во МВР се користеле несоодветно, послушниците на Спасовски ги злоупотребувале своите надлежности, се користеле за лични цели на поединци.

3.Криминалците во СДСМ и во МВР се во паника затоа што нивното „златно доба“ заврши.

4.Власта молчи за „Рекет 3“ три месеци пред избори, а главни ликови во него се Венко Филипче и Зоран Заев.

5.Поминаа три години, а власта се уште е целосна спротивност од она за што ќе се бореше, нови над 3.000 општински административци кои граѓаните ќе ги чинат над 8 милиони денари годишно, од комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

6.Припадниците на Армијата оставени без греење.

7.Опструкциите на власта не престануваат: Дури и по една недела на Цветан Трипуновски во земјоделие не му даваат канцеларија, додека Кабинетите на Невенка Стаменковска- Стојковска во Министерството за информатичко општество и администрација, Рашела Мизрахи во Министерството за труд и социјална политика, како и Гордана Димитриеска- Кочоска во Министерството за финансии имаат проблеми со екипирање на тимот поради забраната и блокадата што им се прави за преземање на вработени.

8.Македонија во топ 10: Скопје утрово БЛЕСНА на светската мапа на најзагадени градови во светот!

Треба да знаете
Последни објави