Search

ВМРО-ДПМНЕ: Секое ветување на Заев и Пендаровски е лага

Стево Пендаровски и Зоран Заев се исти 102.5%. Зоран Заев ветуваше дека се додека дише нема да го промени уставното име на државата. Зоран Заев го промени името на државата. Зоран Заев излажа. И Стево како и Заев лаже.

Секое ветување на Стево Пендаровски е лага. Исто како што и секое ветување на Зоран Заев пред избори гледаме дека е лага.

Во интервју за бугарска телевизија само неколку недели пред да го смени името, Заев  кажуваше колку е понижување доколку би требало да го смениме името и за внатрешна употреба, па и на владата да го пишува новото име. Зоран Заев само неколку недели подоцна го промени името и за  внатрешна употреба. Зоран Заев излажа. Стево Пендаровски е 102.5% ист како Зоран Заев и тој лаже како Заев.

Зоран Заев јавно ветуваше и се колнеше, за по само неколку месеци да направи се спротивно на тоа што првично го ветуваше.

Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. Република Македонија има потреба од чест и работлив претседател, кој ќе води сметка за државните и национални интереси. Република Македонија има потреба од претседател како Гордана  Силјановска  Давкова, која држи до својот  став,  и стои на линија на македонските државни и национални интереси.

 

Треба да знаете
Последни објави