Search

ВМРО ДПМНЕ: Падот на оваа влада е се поочигледен. Поразот на СДСМ се ближи.

Падот на оваа влада е се поочигледен. Поразот на СДСМ се ближи.

Поради тоа Зоран Заев преку Уставниот суд создава можност после поразот на предвремени парламентарни избори да биде амнестиран за сите коруптивни афери и зделки познати во јавноста.

За да се оствари тоа, Уставниот суд ќе создаде пракса, Пендаровски ќе реализира.

Одлуката на  Уставниот суд е јасен показател дека тој, како и останатото судство, целосно се потчинија на волјата на Заев и СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Заев да престане со притисоци врз судската власт.

ВМРО-ДПМНЕ е против амнестии и против аболиции. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи амнестии и аболиции. Доколку Заев продолжи со неговиот план и ги разгневи граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со нив на протести.

Треба да знаете
Последни објави