Search

ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партија која прва говорела и работела за евроатланската интеграција на Македонија

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на изјавата на Стефан Васев.

„ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија која прва говорела и работела за евроатланската интеграција на Македонија додека СДСМ како продолжеток на едноумието работела за сочувување на претходниот систем. ВМРО-ДПМНЕ и денес е посветена на истиот пат, но истовремено ќе остане посветена и на заштита и постојана борба за националните интереси на Македонија. Тоа СДСМ ниту тогаш ниту сега нема да го разбере.

Се покажа дека денес власта и СДСМ под раководство на Заев менуваа име за да крадат, за да фрчат Луј Витон торби полни со милиони. Од европски вредности подразбираат само ”евро за Виц’то”, па дури и во самиот ек на Самитот на кој се одлучуваше за добивањето на датум за почеток на преговори подготвуваа нов закон за контрола на опојни дроги, за да може уште евра да се слеваат во џебовите на Заеви. Патем за да го забрзаат и покријат фамилијарниот бизнис со марихуана злоупотребија и европското знаменце и го тераат на шверцерски начин.

И во СДСМ се свесни за претстојниот пораз и затоа се нервозни. Обновата на Македонија е на прагот. Заев ќе изгуби катастрофално, а Македонија ќе триумфира.“

Треба да знаете
Последни објави