Search

Васев: ВМРО ДПМНЕ е за обнова на режимот, против членството во НАТО и Договорот од Преспа, сака да ја врати државата назад

Најавата на Антонио Милошоски дека бараат начин за поништување на Договорот од Преспа е најава дека ВМРО-ДПМНЕ има единствена цел да ја врати државата назад. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го поништи Преспанскиот договор е опасна теза штетна за националните и државните интереси, рече Стефан Васев од СДСМ.
Без Договорот нема членство во НАТО. Без НАТО тоа ја втурнува државата, но и регионот во безбедносен ризик. Ние не можеме да бидеме дел од НАТО без Преспанскиот договор. Очигледно дека на ВМРО-ДПМНЕ не им е важно НАТО, не им се важни националните интереси.
ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Христијан Мицкоски со сите сили работеа против НАТО, против ЕУ и против реформите што се од интерес на граѓаните.
Денес, нивната понуда е враќање на државата назад во режим, во изолација и неизвесност, враќање на криминалот, корупцијата и неказнивоста.
Граѓаните нема да дозволат обнова на режимот и ќе ја поразат нивната деструктивна матрица уште еднаш на 12 април.
Граѓаните, државата продлжуваат на правиот пат на развој и интеграција, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат заглавени во темните улички на деструкција и антидржавно однесување.

Линк до видео: https://youtu.be/_bacIImW96I

Треба да знаете
Последни објави