Search

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не смее да служи за потсмев, Заев веднаш да си поднесе оставка

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагира на соопштението на СДСМ, во кое велат дека лидерот на опзоцијата Христијан Мицкоски слугува на туѓи интереси и застана против интересите на граѓаните и државата.

„Зоран Заев треба веднаш да си поднесе оставка. Со последниот меѓународен скандал Зоран Заев ја засрами Македонија. Оправдувањето за скандалозното изнесување на државни тајни и прифаќањето да се исплати поткуп на вселенскиот патријарх покажува колку е всушност неспособен и криминоген Заев и тимот околу него.

Во рок од само две ипол години македонските граѓани се сведоци на стотици скандали на власта. Република Македонија не смее да служи за потсмев.Се додека Зоран Заев седи на премиерската фотелја, Македонија нема иднина“.

 

 

Треба да знаете
Последни објави